златно млеко

Направете сами златно млеко за опоравување на половината, подобро здравје и подвижни зглобови

Овој пријатен и топол напиток е исклучително корисен за организмот. Она што посебно би го интересирало секој од нас е способноста на здравото златно млеко за опоравување на половината, како главна придобивка, а исто така и влијае поволно дејство врз подвижноста на зглобовите и целокупното здравје. Прочитајте како може да го направите и за што се ќе му помогне на организмот!

Златното млеко делува како „подмачкувач“ и помага за повторно воспоставување на кичмената флексибилност и намалување на крутоста при движењето. Корисно е за хематопоезата (формирањето на крвните клетки), за здравјето на дебелото црево, нервниот систем и коскеното ткиво.

Златно млеко за одлично здравје и антиканцерогена заштита

Претставува природен лек кој е многу користен во руската алтернативна медицина, а популарен е и помеѓу конвенционалните лекари. За златното млеко често можете да слушнете дека е чудесен напиток кој ја продолжува младоста и го нормализира варењето. Има поволно дејство врз црниот дроб, а посебно му помага за отстранувањето на токсините од организмот, го подобрува тенот и обезбедува долговечност. Помага при артритис и артроза, затоа што златното млеко ја подобрува подвижноста на зглобовите.

Рецепт за златно млеко за опоравување на половината и подобра подвижност на зглобовите

Се прави во неколку чекори. Прво направете ја пастата од куркума.

Состојки за паста од куркума:  

  • 40 гр куркума во прав
  • 100-150 мл вода.

Подготовка на пастата од куркума:

Куркумата измешајте ја со водата и ставете ја во сад на оган. Промешајте и оставете ја да зоврие, а потоа варете ја така околу 8 минути, додека содржината се згусне. За тоа време постојано мешајте. Ако мешавината е прегуста, додајте уште малку вода. Готовата паста треба да има конзистенција како кисело млеко.

Потоа, подгответе си го топлиот напиток за добро здравје.

Состојки за подготовка на златно млеко:

  • 250 мл млеко
  • 2 лажици (околу 40 мл) нерафинирано бадемово масло
  • природен мед по вкус
  • 1 лажичка паста од куркума.

Подготовка на златното млеко:

  1. Млекото проварете го и во него додајте го бадемово масло (може и да го замените со друго нерафинирано).
  2. Тргнете го садот од оган и турете го млекото во шолја, па додајте од претходно припремената паста од куркума.
  3. Засладете по вкус и убаво измешајте.

Начин на употреба на златното млеко:

Пастата од куркума можете да ја припремите во поголема количина и да ја користите во текот на 40 дена, колку што е времетраењето на третманот. За да ја зачувате исправна, неколку лажички од пастата оставете ги во затворен сад во фрижидер и оваа количина искористете ја во наредните денови. Остатокот замрзнете го и користете го по потреба.

Рецептот за подготовка го имате погоре. Златното млеко се пие наутро на празен желудник и навечер пред спиење. Се пие 40 дена, но само 2 пати годишно.

Забелешка: Оние кои имаат проблеми со жолчната ќеса, не се препорачува да го пијат златното млеко, бидејќи куркумата има диуретичен ефект.

Ви препорачуваме да прочитате: Природна паста против акни и лузни од куркума и босилек.

Сподели: