Направете сапун со лековити билки

Сега може да си направите сапун со вашите омилени ароми и да уживате во туширањето. Начинот на подготовка е интересен и во овој проект може да учествуваат и децата, па заедно ќе се дружите и ќе направите сапун со лековити билки кој може сите да го користат. Изберете ги вашите омилени лековити свежи растенија како нане, босилек, рузмарин или невен, и направете си сапун со арома која релаксира. 

Покрај тоа, мирисот на сапунот може да го збогатите со сок и кора од портокал и лимон, кои освен што добро ќе ја исчистат вашата кожа, имаат и ефект на пилинг. Пробајте, лесно е и креативно!

домашен сапун со лековити билки

Состојки:

Покрај наведените состојки, пред да започнете да го правите сапунот на работната маса ставете мерен сад, пластична лажица или шпатула, 5 до 6 мали пластични чашки од 75 мл или силиконски калапи доколку имате при рака.

Подготовка:

  1. Соберете свежи билки по ваша желба, како босилек, нане, рузмарин, невен и слично, кои сакате да ги ставите во сапунот.
  2. Глицеринскиот сапун исечете го на коцки и ставете го во сад. Сапунот растопете го во микробранова печка. Доколку немате микробранова печка, сапунот растопете го врз шпоретот. Повремено промешајте, за да може сапунот полесно да се растопи.
  3. Лековитите билки исечкајте ги ситно. Изрендајте ја кората од лимон и портокал, а потоа исцедете ги.
  4. Пластичните чаши испрскајте ги со маслен спреј или масло. Тоа ќе спречи сапунот да се залепи на чашите.
  5. Во садот со растопениот сапун додајте ги исечканите билки, ренданата кора и исцедениот сок од лимон и портокал. Измешајте, а потоа смесата ставете ја во намрсените пластични чаши.
  6. Оставете го сапунот да стои на собна температура за време од 1 час. Потоа ставете го фрижидер уште 1 час за целосно да се здрви. Изладениот и цврст сапун извадете го од чашките. Домашниот сапунот со лековити билки може да го спакувате во кутија, ќесичка за поклон или укрсана хартија.

Ви предлагаме да прочитате: 3 домашни пилинзи за совршено мека кожа.

Сподели: