јапонски омлет

Направете јапонски омлет

Еден од популарните појадоци низ целиот свет кој се припрема од јајца е омлетот. Во зависност од земјата, омлетот се припрема на различен начин.  Ние ви предлагаме да пробате јапонски омлет, затоа што се припрема на малку поинаков начин.

Она што е карактеристично за приготвувањето на јапонскиот омлет е техниката на печење, која е многу интересна и вреди да се проба. А резултатот е совршен!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица исечкан морков
  • 1 лажица исечкан кромид
  • 1 лажица исечкан млад кромид
  • сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Јајцата и млекото ставете ги во длабок сад и изматете ги со виљушка. Во садот додадете ги морковите, кромидот, солта и црниот пипер.
  2. На оган, ставете тава за палачинки да се загрее. Потоа премачкајте ја тавата со масло и ставете една лажица од смесата за омлет. За понатамошната подготовка следете ги инструкциите на видеото.
  3. Приготвениот јапонски омлет послужете го додека е топол.

Ви предлагаме да прочитате: Омлет со компири во шпански стил.

Сподели: