Декоративна ламба од пластични лажици

Креирањето на нешто корисно со своите раце нуди големо задоволство, особено ако користите предмети кои не ви се потребни и планирате да ги фрлите во кантата за ѓубре. Проектите кои користат рециклирани материјали стануваат се популарни затоа што се добар начин да се направи нешто позитивно за планетата.

Ако се согласувате со заштитата на природата и сакате креативни „направи сам“ проекти погледнете го ова видео,  на кое на еден интересен начин е прикажано како може да се рециклира пластично шише и пластични лажички и од нив да се направи декоративна ламба. Оваа идеја е дело на дизајнерот Јарослав Оленев, а магазинот „FutureNow“ ја награди во категоријата „Екологија и дизајн“.

Потребно ви е:

  • пластични лажички
  • пластично шише
  • силиконски пиштол
  • скалпел
  • ножици
  • кабел со грло за штедлива сијалица
  • штедлива сијалица

Инструкции:

  1. Со помош на скалпелот исечете го дното на пластичното шише.
  2. Со ножица отсечете ги дршките на пластичните лажичиња, а притоа внимавајте тие да бидат со иста димензија. Водете сметка додека ги сечете, заштитете ги рацете и очите.
  3. Вклучете го силиконскиот пиштол и штом е добро загреан, залепете ги лажичките од дното на шишето како што е прикажано на видеото.
  4. Лепете ги лажичките до врвот на шишето.
  5. Преку отворот провнете го кабелот и завртете ја штедливата сијалица. На крај, пронајдете совршено место за вашиот нова ламба.

Ви предлагаме да прочитате: Јајце од конец – Велигденска декорација за домот.

Сподели: