Како да направите скара од конзерва за 10 минути?

Времето затоплува, па многумина од нас почесто излегуваат во природа. А покрај тоа и првомајските празници не може да се замислат без вкусна скара која се приготвува по ливадите. А кога сме кај скарата, ако немате или сте заборавиле да ја понесете со вас, имаме супер предлог. Може да си направите скара од конзерва и тоа за само две три минути.

Започнуваме со овој одличен предлог за уживање во дворот.

Скара од конзерва

Оваа скара е многу ефикасна, се прави веднаш и ќе ви заштеди пари. Кој би рекол дека обичната конзерва, може да послужи за нешто толку многу добро.

За да ја направите потребни ви се:

  • стара конзерва
  • отворач за конзерви
  • ножици
  • алуминиумска фолија
  • решетка.

Подготовка:

  1. Со помош на отворач исечете го горниот дел на конзервата. Бидете внимателни да не се исечете од горниот остар дел.
  2. Со помош на ножици исечете ленти со ширина од околу 1.5 см до 2 см од конзервата. За оваа постапка најдобро е да ги следите инструкциите на видеото.
  3. Лентите отворете ги, така што ќе добиете форма на цвет. Горните краеви на лентите малку потсвиткајте ги.
  4. Во средината на конзервата поставете поголемо парче на алуминиумска фолија. Потребно е да ја завиткате конзервата од горниот дел.
  5. Во средината на скарата поставете ќумур и запалете го. Штом се добие жар, врз скарата ставете решетка. Може да ја искористите решетката од рерната на шпоретот.
  6. Штом решетката се загрее врз неа ставете месо или зеленчук по избор. Печете го додека е готово. Уживајте во вашиот направи сам проект и вкусниот ручек!

Ви предлагаме да прочитате: Домашно мариниран пилешки стек на скара.

Сподели: