Научете како да одгледате малини 1

Научете како да одгледате малини

Малините се многу вкусно и здраво овошје, а ние ќе се обидеме да ве научиме да ги одгледате сами во својот двор или бавча. Нив можете да ги употребувате во бесконечно многу комбинации, а ништо не се менува драстично и откако ќе ги замрзнете. На кратко, да се јаде малини е супер, а да се одгледуваат е лесно.

Од каде да започнете?

За почеток, пред да ги посадите треба да изберете соодветна врста на малини. Постојат две групи на малини, оние кои се берат во лето и оние кои се берат во есен. Малините кои се берат на лето имаат едно прирастување во доцното лето. Додека есенските малини, даваат плодови два пати годишно, еднаш во раната есен и уште еднаш, наредната година во раното лето. Малините ги има во три бои, црвена, која е најпозната и најчеста, и црна и жолта. Црвените малини се најлесни за одгледување, затоа што се најотпорни и посилни.

Научете како да одгледате малини 2

Како да знаете каде и како да насадите малини?

Вистинско место за да насадете малини е добро натопено парче земја кое има доволно сонце. Садниците може да ги купите во раната пролет во вид на коренче, или за време на пролетта, летото и есента како стебло. Ако планирате да насадите повеќе коренчиња, просторот помеѓу садниците треба да биде околу 50 см, а помеѓу редовите и до 1.5 м. Со растењето, коренот на садниците ќе го исполни целиот празен простор и затоа е важно да им дадете простор за убаво да растат.

Како се одржуваат?

Грмушката на летната малина не е тешка за одржување. Едноставно изрежете ги поединечните гранчиња од кои сте ги набрале плодовите, а останатите кои не „родиле“, плодови ќе дадат наредната година. Поединечните гранчиња даваат плод само еднаш.

Ако есенските малини ги засадите и сред лето, во касната есен ќе имате плодови, а гранчињата би требало да ги подрежите наредната година откако ќе ги соберите летните плодови. Трикот со кој се служат многу одгледувачи на малини е да ги подрежат сите гранчиња во раната пролет и да добијат еден голем прираст наместо два помали.

За крај, задолжително трудете се малините да ги одгледате на органски начин.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да пораснете дрво од авокадо од семка.

Сподели: