9 лесни начини за навремено зајакнување на имунитетот 1

9 лесни начини за навремено зајакнување на имунитетот

Доаѓаат деновите на ладно и врнежливо време, како и зимската сезона на настинки. Сега е вистински момент да започнете со зајакнување на имунитетот. И тоа природно, со неколку мали измени во начинот на живот.

Има неколку навики кои може да придонесат за подобар имунитет. Користењето на одредени билни препарати и делотворни суплементи е добра помош исто така.

9 лесни начини за навремено зајакнување на имунитетот 2

Одмарајте се доволно

Можеби ќе ви биде тешко, но важно е понекогаш да успориме и да спиеме доволно. Во зима и природно имаме поголема потреба за сон, бидејќи тоа е еден од начините одбранбениот механизам на телото да го одржи имунитетот. Кога спиеме, телото полесно се опоравува од болести, па топла просторија и добар сон ќе бидат одлични за организмот.

Пијте доволно течности

Чиста вода, топол природен чај, комбуха и слични здрави напитоци помагаат од телото да се елиминира слузта, која служи како подлога за бактерии.

Земајте доволно витамин Д

Во зима нема доволно сонце и организмот не може да произведе доволно од овој витамин. Во храната скоро и да го нема, така што препорачливо е понекогаш да земате витамин Д3.

Внесувајте доволно витамин Ц

Иако науката не може да потврди во целост, витаминот Ц може да придонесе за намалување на бројот на настинките и да го скрати нивното времетраење. Недостатокот на витамин Ц може да го ослаби имунитетот. Најдобро е да го внесувате од природни извори – цитрусно овошје, свежа пиперка, рен.

Користете масло од диво оригано

Тоа има силно антибактериско дејство, па може да го користите повремено ако почувствувате настинка или инфекција додека е на почеток.

Консумирајте цимет и мед

Мешавината на цимет и мед е одлична за поттикнување на имунитетот. Може да се зема три пати дневно, дозирано по половина лажичка цимет измешана со 1 лажиче мед.

Јадете лук

2-3 чешниња лук дневно несомнено ќе ви го поттикне имунитетот. Тој е одличен природен антибиотик.

Испирајте го носот со солена вода

Можете да користите памук кој ќе го натопите со солена вода или да капнете во носот. На овој начин ќе постигнете позитивен ефект врз носот и синусите.

Консумирајте ферментирана храна

Кисела зелка, кефир, комбуха и останатите намирници кои содржат пробиотици се многу пожелна храна во зимските месеци.  Научно е докажано дека цревната флора – пробиотиците директно влијаат на имунитетот.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 совети за силен имунитет и добро здравје.

Сподели: