рижото ориз со зеленчук 1

Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук

Рижотото претставува вкусно, брзо и многу хранливо јадење кое е одлично за оние кои внимаваат на линијата, а може да се служи како главно јадење или прилог. Маја ни испрати предлог за рижото со зеленчук, кој се приготвува едноставно и многу лесно.

Ние го испробавме рецептот повеќе пати, а за да го направите, потребни ви се само неколку состојки. Рецептот за вкусното рижото со зеленчук е посен, вегетаријански и не содржи глутен. А за екстра здраво јадење, ви предлагаме да го направите со интегрален ориз.

рижото ориз со зеленчук

Состојки:

  • 1/2 чаша ориз
  • 200 грама замрзнат мешан зеленчук (грашок, морков и пченка)
  • 1 и 1/2 чаша вода.
  • масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенеџере на оган се става малку масло да се загрее. Во загреаното масло се става мешаниот зеленчук и кратко се запржува за време од 5 минути.
  2. Потоа во тенџерето се додава оризот и тој кратко се пропржува со постојано мешање.
  3. Во меѓувреме треба да имате припремено чаша вода во која се става сол и црн пипер. Вака припремената вода со зачини се додава штом оризот почне по малку да се лепи за дното на садот во кој се пропржува. Малку покасно се додава и останатата половина чаша вода.
  4. Оризот се остава да врие околу 20-тина минути и од време на време се промешува.
  5. Кога ќе испари водата, тенџерето со ориз и зеленчук се трга настрана, се покрива со капак и се остава да стои за време од 5 до 10 минути.
  6. Потоа, топлото рижото со зеленчук се сервира во чинии. По желба може да се додаде и лимон. Количината на овој рецепт е доволна за 2 мали чинии, а за повеќе лица се зголемуваат количините соодветно. Пријатен апетит!

Рецептот го испратил: Маја Ристанчевска

Ви предлагаме да прочитате: Рижото со пилешко месо и зеленчук.

Сподели: