Најдобриот рецепт за цезар салата со пилешко месо

Која е вашата омилена салата? Шопска, таратур или можеби цезар салата? Цезар салатата е една од најпопуларните салати во светот. 

Денес ви ја претставуваме нашата омилена цезар салата, направена со пилешко месо на скара, домати, домашни кубети, варени јајца и домашно приготвен цезар сос.

Но пред да започнеме, да ве запознаеме со интересните факти за оваа салата. Таа ја направил Џезар Кардини, познат италијански готвач кој поради подобра егзистенција ја напуштил својата земја во 1920 година, во потрага за исполнување на американскиот сон. Но, патот од Америка го одвел во Мексико каде отворил и свој ресторан. Во 1924 година ја измислил салатата наречена (по него) Цезар, а всушност таа салата ја приготвувале неговите вработени за да ги услужат побрзо гостите (главно, Американци), пред да им пристигне главното јадење, кои пристигнувале тука за да се забавуваат и да се напијат.

Цезар салатата набрзо станува популарно предјадење кое полека се проширува низ светот. Денес пак, поради богатите состојки кои ги содржи, многумина ја сметаат и за лесен ручек или вечера.

цезар салата

Состојки:

  • 120 грама леб
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол и мелен црн пипер
  • 4 печен пилешки стек на скара (по 80 до 100 грама)
  • 1 марулка
  • 4 варени јајца
  • 12 шери домати.

За прелив:

  • ¼ чаша свежо цеден сок од лимон
  • ¼ чаша мајонез со мал процент на масти
  • ¼ чаша рендан пармезан
  • 2 филети од инчуни (риба) по желба
  • 1 мало чешне лук.

Подготовка:

  1. Прво направете ги домашните кубети. Рерната приклучете ја да се загрева на 180 степени.
  2. Лебот исечете го на коцки и наредете го во тава, претходно обложена со хартија за печење. Попрскајте го со маслиново масло и зачинете го со сол и мелен црн пипер.
  3. Ставете го рерната да се пече за време од 12 до 15 минути, додека добие румена боја. За време на печењето, коцките од леб повремено мешајте ги. Тавата извадете ја од рерна и оставете го лебот да се излади.
  4. Пилешкиот стек и марулата исечете ги на парчиња со големина по желба.
  5. Јајцата и шери доматите исечете ги на четвртини.
  6. Во блендер ставете ги сокот од лимон, мајонезот, пармезанот, инчуните (доколку ги користите) и лукот. Миксирајте додека добиете хомоген сос.
  7. Во чинија ставете малку од сосот, потоа додајте ги сечканата марула, парчињата пилешки стек, доматите, јајцата и домашните кубети. По желба може да додадете сос и да наросите со мелен пармезан. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: „Алзациене“ салата со марула, шунка и кашкавал.

Сподели: