Најдобри намирници за летните денови и согорувачи на масти 1

Најдобри намирници за летните денови и согорувачи на масти

Летото е време од годината кога има изобилие од овошје и зеленчук, а тоа треба да се користи и да се внесуваат доволни количини кои ќе го подобрат нашето здравје. Во продолжение може да прочитате се најдобри намирници за летните денови и брзо опоравување од топлотните бранови.

Со почетокот на летото се повеќе ќе сретнеме скараџии и расположени друштва. Црвените меса исчистете ги од масните делови, а нив, како и пилешкото месо, се препорачува пред печење  да ги чувате барем половина час во маринада, со што и подлабоките слоеви на месото ќе останат сочни, а на тој начин се намалува можното канцерогено дејство од „прегорените“ делови на месото кои во секој случај треба да се отстрануваат. Подолу прочитајте повеќе препораки.

Најдобри намирници за летните денови и согорувачи на масти 2

Еве неколку намирници и совети кои сигурно ќе ви помогнат да се чувствувате одлично во текот на летниот период:

  • Јадете многу свеж зеленчук, овошје и производи од интегрални житарици, на овој начин ќе се чувствувате енергични и ќе бидете витални.
  • Пијте многу вода и пред да почувствувате жед. Избегнувајте многу ладни и газирани напитоци.
  • Ограничете го внесот на заситени масти до 10% дневно.
  • Јадете што повеќе риба.
  • Намалете го внесот на месо и не претерувајте со протеинската исхрана или многу слатките јадења.
  • Распоредете го дневниот внес на храна на 5-6 помали оброци.
  • Бирајте овошје и зеленчук кои се богати со витамин Ц, како што се праски, вишни, малини, пченка, кои сега ги има во голема количина на пазарите.
  • Доматот е многу популарна намирница која е богата со ликопен и други фитохемикалии кои го намалуваат ризикот од рак на простатата. Богат е со витамин Ц и калиум, а лесно се користи во облик на салати или како прилог за разни јадења.
  • Сливите се исто така добар извор на витамин Ц, а ги обезбедуваат и основните антиоксиданси повеќе од било кое друго овошје.

За топ изглед во летниот период ќе ви помогнат следните согорувачи на масти: грејпфрут, лимон, ананас, вишни, круши, кајсии, овошен јогурт, млеко и пробиотски јогурт, кои може да бидат со помала количина на млечна маст од 1-1,5 %, гршок, грав, леќа, интегрални тестенини итн.

Ви предлагаме да прочитате: Освежително смуди од малини.

Сподели: