Најдобри совети за вкусна скара во најкратко време 1

Најдобри совети за вкусна скара во најкратко време – од ќебапи, бело месо, колбаси, зеленчук

Заедничката подготовка на јадење е интересна активност за друштвото или семејството! Сите се собираат на едно место, атмосферата е опуштена и неформална, природна и спонтана. Тоа е момент кога може да се направи вкусна скара за најкратко време од различни меса и зеленчук. Нема многучасовно готвење, а има многу забава.

Ако сакате да избегнете миење на садови, употребете пластични и уживајте во рајатот. Но, не е потполно лесно да се испече меко и сочно месо, а и да е добро зачинето. Еве неколку совети како да го постигнете тоа.

Најдобри совети за вкусна скара во најкратко време 2

Месото најдобро ќе ги прими зачините, ако ги нанесете пред печењето. Тука мала отстапка во корист на сочност на месото може да се прави кај телешкото месо. Тое може да се зачини и после печење, но повторно треба да биде топло – во затворен сад или алуминиумска фолија, за да ги прими зачините и да ја зачува сочноста.

Може да ве интересира: Основна маринада за скара и Домашен сос за скара и маринирање на месо – BBQ сос.

Најчеста грешка при печењето на скара на жар е препечено месо, кое е тврдо, суво и без вкус. Ова не значи дека кога ќе го сечеме месото треба да е живо и крваво, туку дека треба да биде суво и со розева нијанса во средината. Тоа се нијансите на мајсториите и тоа се учи со време и со одржување на умерено силен жар на скарата.

Решетките од скарата треба да бидат намрсени, а ако сакате да направите вкусна скара за најкратко време, еве што може да употребите.

Ќебапи и уштипци

Со нив никогаш нема да погрешите, затоа што не постојат луѓе кои не ги сакаат. Вкусни се, брзо се припремаат, а супер се вклопуваат со различни прилози. Нив не е потребно да ги зачинувате, бидејќи тоа е направено пред да бидат формирани. Се што треба да направите е да ги ставите на скара и да чекате 10-тина минути да се заруменат. Повремено превртувајте ги, а за да сигурни дека се готови, сечете еден и проверете ја внатрешноста.

Бело месо

Се припрема многу брзо и едноставно, баш како ќебапите. Можете да го набавите веќе зачинето од месарница или да изберете да го зачинете сами. Печете го додека месото добие златесто кафеава боја, а тоа е некаде околу 10 минути, зависно од огнот.

Колбаси

Обично ги обожаваат мажите, а посебно за замезување со пиво. Ги сакаат и сите кои повремено им е потребно брзо да подготват ручек, а и многу се вкусни на скара. Кога купувате бирајте црвени, благи или пикантни, зависно од вкусот. Тие се готов производ и за нив не е потребен многу труд. Ставете ги на скара и печете 10-15 минути, повремено завртувајќи ги. Внимавајте да не ги „прегорите“ на една страна, а предлагаме и да им направите по неколку коси линии по должина, за полесно и побрзо да се направат.

Зеленчук

Зеленчук на скара е фантастичен прилог за месото. Најдобро се припремаат тиквичките, модрите патлиџани, пиперките и шампињоните. Измијте ги и исечете ги на тенки парчиња (шампињоните и пиперките можете и цели), по желба зачинете со малку сол и црн пипер. Печете на тивок оган за да не горат. Можете да ги исечете и на коцки и да креирате ражнич од зеленчук. Брзо се припрема, а зеленчукот е готов кога ќе ја смени бојата. Скарата задолжително треба да е намрсена и повремено да се превртуваат. Обично се готови за 5-7 минути.

Уживајте и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите скара од конзерва за 10 минути?

Сподели: