Најефективен начин да ја одржите свежината на зелените зачини и до една недела 1

Најефективен начин да ја одржите свежината на зелените зачини и до една недела

Скоро за секој готвач, па и секоја домаќинка, зачувувањето на свежината на зелените зачини е предизвик. Кога веќе имаме во план да ги користиме за да ни го разубават јадењето и да му дадат посебна арома, добро е да знаеме како да им ја одржиме свежината откако ќе ги набавиме од пазар или маркет и ќе ги донесеме дома.

Истражувавме и дознавме што да ви препорачаме.

Најефективен начин да ја одржите свежината на зелените зачини и до една недела 2

Кој е најефективен начин за зачувување на свежината на зелените зачини?

Откако ќе ги донесете дома, прво што треба да направите е да ги ставите во чаша со чиста и ладна вода. Претпоставуваме, тоа е она што сите го правите, но и сами знаете дека тоа не е доволно, па еве уште неколку дополнителни совети. Откако сте го поставиле зачинот во чашата со ладна вода, ставете ја под сенка и на собна температура. А главниот трик за да опстои свежината што повеќе е да го покриете, односно да го завиткате делот од зачинот кој останал над чашата со најлонска фолија или најлонска ќеса.

Како знаеме дека функционира?

Секако преку експеримент, при кој беа употребени 2 чаши со босилек поставен во вода. Едната чаша со босилек беше третирана како што е опишано погоре со помош на најлонска ќеса. Другата чаша, како и обично, само ставен босилекот во вода. За неколку дена, резултатите покажаа дека навистина делува трикот за зачувување на свежината на зачинот. Така што, дефинитивно препорачуваме да пробате!

Ви препорачуваме да прочитате: Топ 5 совети за домашно одгледување на зачини во кујната.

Сподели: