Недостатокот на витамин Б6 е погубен за здравјето 1

Недостатокот на витамин Б6 е погубен за здравјето, надоместете го со храната!

Можеби сте слушнале некои информации, а можеби и не знаете, но пиридоксинот или уште познат како витамин Б6 има важна улога за здравјето. Влијае на памтењето, циркулацијата, енергија, нервниот систем, метаболизмот, кожата, очите.

Недостатокот на овој витамин може да предизвика депресија, па и неуропсихијатриски пореметувања, реуматски артитис, срцеви заболувања и други симптоми. Обично недостигот на овој витамин е реткост, но сепак има веројатност да се појави. Еве кои се најчестите симптоми при недостиг на витамин Б6: замор, нервоза, анемија, исцрпеност,  депресија, кожни заболувања, проблеми со концентрацијата и памтењето, главоболка, грчеви, вкочанетост и слично.

Недостатокот на витамин Б6 е погубен за здравјето 2

Витаминот Б6 не е способен да се синтетизира во организмот, па затоа е неопходно да го надоместувате. Освен тоа, препорачливо е да го внесувате редовно преку исхраната, а не само преку суплементација. Најголеми извори на витамин Б6 се лососот, пилешкото, бананите, авокадото и тиквичките, а еве листа и со други намирници богати со овој витамин:

  • месото
  • гравот и мешунките
  • јаткастото овошје
  • семињата
  • кељот
  • спанаќот
  • лукот
  • карфиолот
  • брокулите
  • пиперките.

Трудете се намирниците од погоренаведената листа да ги консумирате редовно во секојдневната исхрана. Со тоа ќе му помогнете на телото да биде здраво, витално и енергично, а мозокот и нервите беспрекорно да ви функционираат.

Ви препорачуваме да прочитате: Витамин Б12 – нутриент клучен за добро здравје.

Сподели: