причина за опаѓање на косата

Недостатокот на витамин Ц може да биде причина за опаѓање на косата

Сигурно низ годините сте слушнале за големиот број на придобивки од витаминот Ц. Но, дали знаете дека недостатокот на витамин Ц може да биде причина за опаѓање на косата?

Ако вашата коса е слаба, кршлива и опаѓа, време е да преземите мерки за да ја вратите нејзината цврстина, сјај и убавина. Природните третмани се многу ефикасни, а покрај нив, може ви биде од помош и внесувањето на доволни количини на витамин Ц. Овој витамин го поттикнува растот на здрава коса и може да го стимулира повторниот раст на косата по опаѓањето.

Витаминот Ц, кој е познат како аскорбинска киселина е есенцијална хранлива состојка за луѓето. Тој може да се синтетизира кај речиси сите растенија и животни, но одредени цицачи, меѓу кои и луѓето не може да го синтетизираат овој витамин. Затоа, витаминот Ц мора да се внесува преку исхраната или суплементи.

Недостатокот на витамин Ц може да биде причина за опаѓање на косата

Како е поврзан недостатокот на витаминот Ц со опаѓањето на косата?

При недостаток на витамин Ц се јавува скорбут (крвавење на непцата, замор, слабост, намален имунитет). Покрај наведените симптоми и опаѓањето на косата може да биде значаен симптом дека на организмот му недостига овој витамин. Ниските нивоа на витаминот Ц во крвта се силно поврзани со појавата на сува и кршлива коса која опаѓа лесно.

Зошто тоа е така?

Витаминот Ц е значаен за синтезата на колагенот. Недостатокот на витамин Ц доведува до намалена количина на колаген во ткивата.

На сличен начин, производството на тирозин е поврзано со витаминот Ц. Тирозинот е значаен за одржување на структурата на влакната и фоликулите на косата. А неговиот недостаток, секако дека ќе влијае врз квалитетот на косата.

Друг начин на кој што витаминот Ц го помага повторниот раст на косата се должи на неговите антиоксидантни својства. Ова е важно да се знае, затоа што тој помага во одржувањето на здравата кожа на главата и превенира оксидативно оштетување на фоликулите на косата.

Факти за витаминот Ц

Постојат голем број на причини кои укажуваат дека витаминот Ц е добар за здравјето на сите и зошто во поново време се препорачува при опаѓање на косата.

Тој е витамин кој е растворлив во вода така што поголемите количини се излачуваат од организмот без да се предизвикаат непосакувани последици. Еве уште некои интересни факти за овој витамин:

  • Витаминот Ц има јаки антиоксидантни својства, исто како витаминот Е и цинкот. Овие антиоксиданси помагаат да се намали оштетувањето кое е предизвикано од слободните радикали. Слободните радикали се создаваат кога храната се претвора во енергија во организмот. Овие слободни радикали може да ја оштетат косата, па тоа е една од причините зошто треба да внесуваме витамин Ц.
  • Кога во организмот има доволна количина на витамин Ц ќе може да се синтетизира колагенот. Тој е неопходен за здрава кожа, коски, лигаменти, мускули и крвни садови.
  • Витаминот Ц исто така помага за намалување на лузните и го поттикнува зараснувањето на раните.

Извори на храна богати со витамин Ц

Доколку имате недостаток на витамин Ц, тоа може да доведе до сува и кршлива коса, која лесно опаѓа.

Постојат голем број на извори на храна кои се богати со витамин Ц:

  • спанаќ
  • боровинки
  • цитрусно овошје (портокали, лимони и грејпфрут)
  • киви
  • ананас
  • тиква
  • манго
  • јагоди
  • домати
  • пиперки.

Ако се соочувате со опаѓање или слабеење на косата, пробајте да најдете природни начини за да ја повратите нејзината убавина.

Д-р Нела советува: Што треба да знаете при изборот на суплементи со витамин Ц?

Д-р Нела советува: Што треба да знаете при изборот на суплементи со витамин Ц?

Често пати се случува и доколку се јаде храна која е богата со витамин Ц, да не се задоволат потребите на организмот, па истиот мора да се внесува преку суплементи. Суплементите со витамин Ц, најчесто се препорачуваат при намален имунитет, настинки, грип, проблеми со крвните садови, крвавење на непцата и слично. За да направиме правилен избор на суплементи ја консулиравме Д-р Нела. Таа вели: „Што се однесува до изборот на суплементи со витамин Ц, треба да знаете дека не се сите подеднакво корисни за организмот. Некои од нив имаат мала искористливот, а некои имаат значително поголема апсорпција во организмот. Сега постои и нов вид на витамин Ц познат под името AlphaSorb-C, кој има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин Ц. AlphaSorb-C се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц. Апсорпцијата на овој витамин е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана не-киселинска форма на Витаминот Ц која содржи не-киселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник.

Овој витамин може да го најдете во аптеките, а исто така може да го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks, каде што може да прочитате повеќе информации за него.

Ви предлагаме да прочитате: Вистини и заблуди за витаминот Ц.

Сподели: