нискокалоричен колач од тиква - без шеќер и без глутен.

Нискокалоричен колач од тиква – без шеќер и без глутен

Ако сте трагач по витка линија или едноставно посакувате одлично здравје за себе, ви нудиме рецепт кој е нискокалоричен, а ќе ве заслади и здраво ќе ве нахрани. Овој прекрасен колач од тиква доаѓа од нашата кујна и специјално го креиравме без шеќер и без глутен за да може да го проба секој кој ќе посака и секој кој се грижи за своето здравје.

Вака припремениот колач од тиква може да го јадат сите кои патат од крвен шеќер, оние кои имаат покачен крвен притисок и холестерол, сите кои се интолерантни на глутен, од најмали, па до највозрасни. Она што е важно е дека вкусот е пријатен и многу лесно приемлив и за пребирливите дегустатори како што се дечињата или повозрасните кои се навикнати на традиционалните изразени вкусови на храната. Потребни ви се само неколку состојки и малку време.

нискокалоричен колач од тиква - без шеќер и без глутен

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 гр пченкарно брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 3 лажици стевиа (доколку немате може да замените со мед)
  • 1 шолја (од 250 мл) варена и цедена тиква
  • 200 мл нискомаслено млеко од Здравје Радово
  • 3 лажици масло
  • 1лажица екстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Во сад за матење убаво изматете ги јајцата, додека почне да се познава трага од маталките при матењето.
  2. Откако сте ги изматиле убаво, во садот додајте го пченкарното брашно, печивото, стевиата или медот, варената и исцедена тиква, нискомасленото млеко, маслото и екстрактот од ванила.
  3. Со помош на лажица измешајте ја смесата за убаво да се соединат состојките.
  4. На крај нискокалоричниот колач од тиква се става да се печи. Печете го во загреана рерна на 200 степени, за време од 15-20 минути, во претходно намрсена и набрашнета тава (бројот на тавата која ја користевме е 28, а доколку сакате колачот да биде повисок може да печите во помала тава).

Сподели: