Домашен замрзнат јогурт со овошје без шеќер

Летните денови се идеални за разладување со замрзнат јогурт! Овој десерт е многу популарен ширум светот, затоа што освежува и дава енергијата во топлите летни денови. Вкусот е како сладолед, но замрзнатиот јогурт е многу поздрав.

А ние ја имаме можеби најздравата верзија, направена со овошје и тоа без шеќер. Од наведената количина на состојки се добиваат 6 до 7 порции замрзнат јогурт. Во продолжение прочитајте како може да си го направите овој замрзнат десерт.

zamrznat jogurt

Состојки:

  • 1 чаша кисело млеко или јогурт со 1% на млечна маст
  • ½ чаша замрзнато бобинкасто овошје (вишни без семки, јагоди, малинки, капинки, боровинки…) по избор
  • 2 лажици замрзната или свежа аронија
  • 2 сушени смокви.

Подготовка:

  1. Сушените смокви исечкајте ги на ситни коцки.
  2. Во блендер ставете го киселото млеко, аронијата, бобинкастото овошје и сушените смокви.
  3. Миксирајте за време од 1 минута додека се добие хомогена смеса.
  4. Смесата ставете ја во калапи за сладолед. Оставете ја во замрзнувачот најмалку 2 часа за убаво да се стврдне. Ви предлагаме замрзнатиот протеински сладолед да го послужите за ужина. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен нискокалоричен протеински сладолед.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: