ролат со кикири и чоколадо

Нугат ролат со кикирики и чоколадо

Изгледа преубаво, па рековме мора да се проба! Благодарение на Клара имаме нов и многу лесен рецепт со ролат со кикирики и чоколадо.

За да го направите потребни ви се неколку едноставни состојки кои сигурно ги имате во кујната. Едноставно и вкусно, за целото семејство!

ролат со кикирики

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно.

За фил:

  • 300 мл млеко
  • 1 ќесичка пудинг од лешници (нугат)
  • 150 гр шеќер во прав
  • 125 гр маргарин или путер на собна температура
  • 100 гр печени несолени мелени кикирики.

За глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • 50 гр маргарин
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 ½ лажица млеко.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги белките. Изматете ги со миксер додека добиете цврст шлаг.
  2. Во друг сад ставете ги жолчките со шеќерот и изматете ги со миксер, додека шеќерот се растопи. Во садот со матените жолчки додајте го брашно и измешајте со лажица. Потоа, додејте го шлагот од белките и измешајте со шпатула.
  3. Смесата ставете ја во плех обложен со мрсна хартија за печење. Плехот ставете го да се пече во загреана рерна на 190 степени, за време од 10 минути.
  4. Печената кора одделете ја од хартијата. Ставете ја врз влажна кујнска крпа и свиткајте ја како ролат.
  5. Во меѓувреме ставете 200 мл млеко да се варат во мало тенџере. Прашокот за пудинг ставете го во чинија и додајте го преостанатото млеко. Измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса.
  6. Во зовриеното млеко додајте го пудингот. Мешајте додека се згусти, а потоа тенџерето тргнете го од огнот и оставете го пудингот да се излади.
  7. Во сад за матење ставете ги маргаринот и шеќерот во прав. Изматете ги со миксер, а потоа постепено додавајте го изладениот пудинг. Матете додека се добие хомоген фил. Во филот додајте ги кикириките и измешајте со лажица.
  8. Премачкајте ја кората со филот и завиткајте во ролат.
  9. Во мало тенџере стопете го маргаринот, па во него додајте го чоколадото искршено на ситни парчиња и мешајте да се растопи. Во меѓувреме додајте го шеќерот и млекото, па кога смесата ќе стани компактна, прелијте го ролатот. Украсете со кршени и цели кикирики по желба.
  10. Готовиот ролат со кикирики ставете го во фрижидер за да се стегни. Потоа, сечете парчиња и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Благ ролат со џем од рибизли.

Сподели: