suva kosa 1

Обновете ја оштетната и сува коса

Доколку сте ја третирале косата со хемикалии, ја фарбате, пеглате и сте ја довеле до критична состојба, време е да започнете со интензивна домашна нега. Дознајте како може да му помогнете на оштетената и сува коса. Време е за рехабилитација.

Сува, безживотна, нескротлива. Таква е вашата коса? Тогаш, мора да пронајдете лек за неа. Помош, секако постои.

Најдобро би било да ја истрижите оштетената коса, но доколку проблемот е сериозен, а не сакате да имате многу кратка коса, можете привремено да ја залечите и оживеете. Освен овие домашни третмани, потрудете се косата да не ја фарбате интензивно, да не ја фенирате или пеглате. Ви препорачуваме да користите природни шампони и да ја сушите без фен за коса. Враќањето на косата во првобитната состојба, може да трае неколку месеци, а дотогаш повремено скратувајте ги врвовите.

сува коса

Домашни третмани кои ќе ви помогнат при оштетена и сува коса

Наједноставниот класичен третман за многу оштетена коса вклучува мед и маслиново масло. Маслиновото масло и жолчката од јајце ја хранат, обновуваат и ѝ дават сјај косата, а медот е богат со антиоксиданси и хранливи материи кои ги хранат фоликулите и поттикнуваат раст на здрава коса. Измешајте половина шолја мед и 3 лажици маслиново масло. Маската нанесете ја на косата и покријте ја со крпа за туширање. Оставете ја да делува половина час. После тоа, косата измијте ја како и обично.

Исто и јајцата се одличен домашен лек за оштетена коса. Изматете 1 белка со 6 лажици јогурт. Маската нанесете ја на косата и оставете ја да делува 15 минути. Доколку немате мед може да искористите јајце и маслиново масло. Во мал сад ставете го јајцето и додајте маслиново масло. Измешајте ги состојките и нанесете ја маската врз косата. Потоа, ставете крпа за туширање и оставете ја да делува за време од 10 минути.

Ви предлагаме да прочитате: Маска против испукани врвови на косата.

Сподели: