Овошен ладен чај за детоксикација и слабеење

Ја креираме листата на нашите омилени ладни чаеви кои помагаат за детоксикација и слабеење! И овој пат креиравме нов рецепт. Инспирација ни беше добро познатиот зелен чај кој го комбиниравме со црвено овошје, па така го добивме овој освежителен и овошен ладен чај.

Еве зошто се одлучивме баш за оваа комбинација. Чајот ги отстранува поткожните маснотии со што се оптимизира работата на лимфната жлезда, ја намалува надуеноста на телото и го нормализира прекумерното лачење на маснотии во кожата. Полифенолоите и катехинот од зелениот чај ефикасно ќе ги отстранат токсините од вашиот организам. Кога токсините се елиминирани, метаболизмот се забрзува и организмот може ефикасно да ги согорува масните наслаги.

овошен ладен чај 2

За аронијата често пати се вели дека е најздравото овошје на светот. Таа има голем број на придобивки за здравјето. Една од нив е нејзиното поволно дејство за прочистување на крвта и дигестивниот систем. Вишните ја подобруваат работата на органите за варење и помагаат за намалување на телесната тежина. Од друга страна, брусницата го помага излачувањето на токсините од крвта и се постигнува ефектот на детоксикација.

Состојки:

  • 1 ќесичка зелен чај
  • 2 лажици замрзнати вишни без семки
  • 1 лажица замрзната аронија
  • 1 лажица сушена брусница
  • 4 чаши вода
  • мед, јаворов сируп, стевија или друг засладувач по желба
  • коцки мраз за сервирање.

Подготовка:

  1. Во мал сад на оган ставете 2 чаши вода. Штом водата се загрее, садот тргнете го од оган и додајте ја ќесичката чај. Оставете го чајот за време од 3 до 5 минути, а потоа ќесичката извадете ја.
  2. Во друг сад на оган ставете го овошјето и додајте 2 чаши вода. Штом водата зоврие, тенџерето тргнете го од огнот. Оставете го да се излади за време од 5 до 10 минути.
  3. Во садот со чајот, додајте ја течноста со овошјето. Измешајте со лажица и оставете го чајот да се излади.
  4. По желба изладениот чај ставете го блендер и засладете со мед или друг засладувач. Миксирајте додека се добие хомогена течност.
  5. Во чаши ставете неколку коцки мраз. Врз мразот ставете го изладениот чај и послужете. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: