Овошки од кокос и локум 1

Овошки од кокос и локум

Колачињата кои ги освојуваа гостите, често пати ги правеа нашите мајки и баби! Да го пренесеме уживањето во интересните овошки од кокос и локум и на идните генерации! Симпатични се, а и вкусни.

Нашата пријателка Лана, ја сподели приказната за рецептов на нејзиниот блог Кuhinjica Мignone. Па, бидејќи ни се допадна начинот на кој со радост ги памети спомените  кога уживале со нејзините пријателки, со задоволство го споделуваме со вас.

Овошки од кокос и локум 2

Состојки:

  • 200 гр бел локум
  • 200 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокос
  • сок и кора од 1 лимон
  • 1 лажичка путер или маргарин.

Подготовка:

  1. Локумот добро измешајте го со шеќерот во правот, може да го измесите и со рака.
  2. Додајте го кокосот, сокот и изренданата кора од лимонот, лажичката путер за да ја омекне смесата, па убаво соединете ги сите состојки.
  3. Обликувајте топчиња и од нив направете форми на круши и јаболчиња.
  4. На врвот од секоја „овошка“ направете мала вдлабнатина.
  5. Во сад турете неколку капки прехранбена боја и/или арома по желба, на пример арома на круши, малини, лимон и слично, па разматете со малку вода. Секоја од овошките обојте ја по желба и извалкајте ја во кристали од шеќер.
  6. За дршките можете да исечете стапчиња од чоколадо, па да ги втиснете во секоја од „овошките“. кога колачите малку ќе се исушат ставете ги во хартиени корпички. Послужете и на здравје!

Забелешка: Од истата смеса можете да направите и други овошки по желба, да речиме мали портокали. Во тој случај додајте арома на портокал.

Ви препорачуваме да прочитате: Новогодишни капи – колачи.

Сподели: