Одбранете се од кандида на природен начин 1

Одбранете се од кандида на природен начин

Секој човек нормално во организмот има кандида, која понекогаш поради разни причини може да се намножи во голема мера и да стане забележлива и проблематична. За да можете да се заштитите навреме прочитајте која храна е препорачлива и кои намирници треба да се избегнуваат.

Кандидата е габичка која нормално живее во организмот (генитално/уринарниот тракт, устата и грлото) и обично е безопасна, а кога ќе се поремети рамнотежата на организмот, на пример при неселективна употреба на антибиотици со широк спектар и при ослабен имунитет, кандидата може да го загрози здравјето. Еве неколку листи со информации за тоа што може да направите за полесно да се изборите против кандидата (Candida albicans).

Одбранете се од кандида на природен начин 2

Еве што е препорачливо да јадете:

  • зеленчук – тоа вклучува доста лук и тоа суров не приготвен
  • протеинска храна
  • пробиотски јогурт и сурутка
  • зелени алги (спирулина и хлорела)
  • јаткасто овошје и семиња
  • ладно цедени масла
  • житарици кои не содржат глутен.

Се препорачува да го ограничите внесот на зеленчук кој е богат со јаглени хидрати, како што е пченка, грав, грашок, компир, сладок компир -батат, тикви, како и  доколку правите леб, печива или колачи, да не користите квасец, туку сода бикарбона или прашок за печиво.

Еве што да избегнувате:

  • сите шеќери и храна која содржи шеќер, бидејќи тоа е исклучително погоден за развој на габички
  • конзервирана и индустриски преработена храна која обично содржи рафиниран шеќер
  • леб, печива и пекарски производи
  • сите видови на сирење
  • кисела павлака и кисело млеко
  • алкохоли ферментирани напитоци
  • зачини и сосови со киселина (сенф, кечап, разни сосови, соја сос, маслинки, зимници)
  • секоја храна која содржи слад, млеко, житарици, бомбони
  • месни преработки
  • печурки
  • кафе и чај, вклучувајќи и растителни чаеви
  • индустриски сокови – се препорачуваат свежо цедени
  • суво и зашеќерено овошје.

Суплементи кои помагаат против кандида:

  • витамин Ц
  • витамин Е
  • селен
  • омега 3 масни киселини
  • Б комплекс витамините
  • калциум и магнезиум

Препораки плус: во исхраната треба да се воведе прополис, лук, јаткасти плодови, интегрални житарици, оригано, цимет, жалфија, каранфилче, бидејќи сите тие се корисни и делуваат против развојот на габичката.

Ви препорачуваме да прочитате: Природни лекови кои помагаат при кандида на јазикот.

Сподели: