Од зачини направете ефикасен напиток против надуеност 1

Од зачини направете ефикасен напиток против надуеност

Надуеноста на цревата е последица која се јавува поради гасови во органите за варење. За тоа може да постојат повеќе причини, од полесни до потешки. Ако имате желба сами да си направите природен лек, пробајте го овој ефикасен напиток против надуеност.

Надуеноста може да биде предизвикана од бактерии поради кои доаѓа до пореметување на балансот на цревната микрофлора. Други причини може да бидат дебелина, прејадување, голтање воздух, запек и киселини во желудникот. Доколку премногу често имате гасови, добро би било да го консултирате својот лекар и да се посоветувате дали има потреба од некаков посериозен третман.

Од зачини направете ефикасен напиток против надуеност 2

Бидејќи при појава на надуеност, храната може да биде значајна помош и да помогне во отстранувањето на проблемот, ви препорачуваме да ги прочитате следните содржини:

Како да го направите дома природниот лек од зачини?

Состојки:

  • 1/2 лажичка куркума
  • 1/2 лажичка рендан или ѓумбир во прав
  • 1/2 лажичка црвена пипер
  • 5 лажици лимонов сок
  • 1 литар вода.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Водата ставете ја на оган да зоврие, па тргнете ја на страната,
  2. Додека е врела, во неа додајте ги зачините и лимоновиот сок.
  3. Добро промешајте и оставете да се излади, а потоа пијте во мали голтки во текот на денот. Од стоењето во текот на денот, зачините ќе паднат на дното, па потребно е да промешувате секој пат пред употреба. Ако напитокот ви е премногу пикантен, пред да пиете додајте малку јаворов сируп или мед. За 5-7 дена ќе се чувствувате полесно, а можеби и ќе изгубите неколку см од струкот.

Ви препорачуваме да прочитате: Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност?

Сподели: