кокосово млеко

Од кокосово брашно направете кокосово млеко

Кокосот е многу хранлив, но исто така е богат со магнезиум, селен, железо, калиум, витамин Ц и Б6, па затоа добро би било да се вклучи во секојдневната исхрана, а не да се употребува повремено само кога се прават колачи и десерти.

Ако сте алергични на млечни производи, постите, сакате да консумирате здрави масти, сте на диета или едноставно сакате пијалак кој освежува и е одличен додаток за различни коктели и десерти, ви предлагаме да направите кокосово млеко. Кокосовото млеко не може да се најде во сите продавници, но затоа кокосовото брашно е полесно достапно. Но, дали знаевте дека со употреба на малку кокосово брашно може да се добијат големи количини на кокосово млеко? Погледнете го видеото и направете кокосово млеко.

Состојки:

  • 2 чаша кокосово брашно
  • 4 чаши топла вода
  • екстракт од ванила и мед по желба

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се загрее.
  2. Во топлата вода додадете го кокосот и исклучете го шпоретот. Оставете го кокосот да отстои најмалку 30 минути.
  3. Потоа ставете ја смесата во блендер, а доколку е топла, отстранете го горниот дел на блендерот. Добро миксирајте ги состојките за време од 1 минута.
  4. Добиената течност процедете ја низ газа и добро притиснете за да се исцеди што повеќе течност од кокосот.
  5. Добиеното кокосово млеко може да се чува во фрижидер за време од 4 дена. Бидејќи нема конзерванси, на површината може да се појави масен талог, но оваа појава воопшто не треба да ве загрижува. Пред употреба добро промешајте и слободно консумирајте.
  6. Масниот талог е всушност кокосовиот крем, кој добро би било секојдневно да го собирате, а чувајте го во посебен сад или помала тегла. Тој се употребува како додаток за сладолед, вкусни кремови за торти, преливи и слично.

Сподели: