oriz-so-pilesko-1

Ориз со пилешко, печурки и сос од брокула

Ова е право гурманско јадење коe секој ќе посака да го проба. Наместо класичната тава од ориз со пилешко, ви предлагаме да го пробате овој рецепт, кој сигурно ќе ви се допадне. Одлична комбинацијата на ориз со пилешко и печурки, дополнета со вкусен сос од брокула ни ја испрати Катерина, а ние и се заблагодаруваме за споделениот рецепт.

Па, ајде во кујната и изнададете го семејството со вкусен ручек или вечера.

ориз со пилешко

Состојки:

  • 220 гр ориз
  • 4 пилешки копани
  • ½ главица кромид
  • 2 моркови
  • 1 парче целер
  • 150 гр свежи шампињони
  • маслиново масло
  • мешан сув зачин по желба
  • мелен црн пипер.

За сос:

  • 250 гр брокула
  • 2 чешниња лук
  • ½ мала лажичка кари во прав
  • куркума по вкус
  • маслиново масло
  • сол
  • мелен црн пипер
  • вода во која се варела брокулата.

Подготовка:

  1. Пилешките копани измијте ги и ставете ги во тенџере со вода на оган да се варат. Варените копани извадете ги од тенџерето, одделете го месото од коските и исечкајте го на мали парчиња.
  2. Во сад на оган ставете ориз и вода да се вари во однос 1:3. Варете го оризот за време од 10 до 15 минути. Постапката за брзо варење на ориз по рецепт од Џејми Оливер, прочитајте ја тука.
  3. Кромидот и целерот ситно исчекајте ги. Морковите изрендајте ги, а шампињоните исечете ги на тенки листови.
  4. Во тава на оган на умерена температура ставете маслиново масло да се загрее. Во тавата додајте ги сечканиот кромид, целер, ренданите моркови и шампињоните. Пропржете го зеленчукот додека омекне. Потоа, во тавата додајте го месото и кратко пропржете.
  5. На крај додајте го варениот ориз и зачинете со мешан сув зачин и црн пипер. Кратко пропржете и тргнете ја тавата од огнот.
  6. Во тенџере со вода ставете ги цветчињата брокула да се обарат (7-10 минути), па потоа префрлете ги во блендер. Додајте го лукот, карито, куркумата, малку маслиново масло и од водата во која се варела брокулата (количината одредете си ја сами зависно од тоа колку густа сакате да биде густ сосот).
  7. Посолете, наросете мелен црн пипер и се заедно изблендирајте.
  8. Приготвениот ориз со пилешко и печурки послужете го во комбинацијата со сосот од брокула. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко во кари сос со зеленчук и ориз.

Сподели: