сок од лубеница 1

Освежителен сок од лубеница и лимон

Супер летно освежување! Ваков сок сигурно немате пробано. Лубениците уште малку ќе ги имаме на пазарите, па вреди да ги искористиме и да се почестиме со освежителен сок од лубеница и лимон.

Лубениците се природен диуретик и го помагаат слабеењето. Содржат помалку од 50 калории на 150 грама, а високата содржина на вода поволно делува на варењето на храната и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот.

Лимонот е на самиот врв на листа на намирници кои содржат најповеќе антиоксиданси. И не само тоа, благодарение на лимонската киселина која ја содржат лимоните се неутрализират токсичните материи и нивнито дејство, се олеснува варењето на храната и се забрзува разградувањето на мастите.

Затоа направете го овој освежителен сок од лубеница и лимон, а за поздрава варијанта ве советуваме шеќерот да го замените со мед.

Состојки:

  • ¾ чаши свежо цеден сок од лимон
  • 1 ¼ чаша вода
  • 2 чаши сок од лубеница
  • 1/3 чаша шеќер или малку мед (по желба може да го изоставит потполно)
  • 8-10 ливчиња свежо нане.

Подготовка:

  1. Лубеницата добро излупете ја, за да остане само внатрешниот црвен дел. Потоа исечете коцки, исчистете ги семките и парчињата од лубеница ставете ги во блендер.
  2. Миксирајте додека се добие сок. Добиениот сок процедете го низ цедилка. Постапката повторете ја по потреба, додека добиете 2 чаши сок од лубеница.
  3. Лимоните пресечете ги на половина и исцедете ги. Во садот со сокот од цедени лимони, додајте го шеќерот и измешајте со жица за матење.
  4. Во садот со сокот од лимони, додајте го сокот од лубеница и измешајте. Потоа додајте ја водата и повторно измешајте. По ваш вкус, може да ја зголемите количина на шеќер или да додајте повеќе вода. Сокот турете го во бокал, послужете го со коцки мраз и декорирајте го листови од свежо нане.
  5. На здравје!

Сподели: