мравки

Ослободете се од досадните мравки со состојки од кујната

Со доаѓањето на топлите денови, појавата на мравки во домот е проблем со кој се соочуваат многумина. Кујната им е посебно омилен простор, но знаат да се појават и во останатите соби. За да ги отстраните може да ви се потребни разни средства кои може да се скапи, а во секој случај потребно е време да се ослободите од нив, бидејќи често знаат да бидат досадни.   

Доколку и вие се соочувате со досадни мравки ви предлагаме да ги пробате следните трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив. И што е најдобро се работи за природни состојки кои сите ги имаме по дома.

Киселина

Најпознатото природно средство кое помага за да се ослободите од мравките е киселината. Во сад со прскалка измешајте еднаква количина на вода и алкохолна или јаболкова киселина, и испрскајте ги местата каде што се појавиле мравки. Работните површини пребришете ги со крпа натопена во растворот од киселина и вода, а потоа оставете да се исуши. Постапката повторете ја неколку пати во текот на денот.

Стапчиња од цимет и чешниња лук

На места од каде што излегуваат мравките ставете стапчиња од цимет или чешниња лук. Доколку не сте љубител на мирисот на лук, изберете цимет, а во спротивно излупете ги чешнињата лук и ставете ги на местото од каде што излегуваат мравките. По ден или два, ставете нови чешниња.

мравки

Црн пипер

Нанесете црн пипер на места каде што има мравки. Ќе забележите дека мравките ќе се разбегаат веднаш.

Врела вода

Доколку имате сериозни проблеми со мравките во вашиот двор, турете врела вода во мравјалникот.

Нане

Мирисот на нане ги одбива мравките да влезат во домот. Доколку живеете во куќа засадете нане во близина на вратите и мравјалниците, или оставете неколку ливчиња нане околу прозорците.

Сподели: