Ослободете се од надуеност и гасови во стомакот

Метеоризам или уште познат како надуеност е многу чест проблем кој создава непријатност која посебно е нелагодна на јавни места. Постојат повеќе причини за појава на гасови во системот за варење, а подолу во текстот ќе дознаете како може да си помогнете да ја спречите оваа појава барем во одредена мера.

Што предизвикува надуеност и како да се ослободите?

Одговорот на ова прашање ќе ви помогне да се ослободите од непријатното чувство и да живеете подобар живот.

Метеоризам е појава на зголемени интестинални гасови, кои предизвикуваат потреба за нивно ослободување надвор, шират непријатна миризба и доведуваат до тежина и чувство на надуеност во стомакот, болка, шумолење на цревата, пролив или констипација, нарушена дигестија и недостаток на апетит. Просечно секоја личност произведува 0.5-1 литар гас, а ако страдате од метеоризам количината на тој гас е многу покачена, понекогаш дури и до 5 пати.

гасови

Постојат два вида на гасови – егзогени (кои произлегуваат од вдишување воздух) и ендогени (произведени во внатрешноста на желудникот и цревата). Егзогените гасови се произведуваат кога ќе јадете брзо или пиете течности (особено со сламка). Пушењето цигари, чувањето на бонбона во устата, гума за џвакање, исто така, можат да доведат до развој на такви гасови. Причината за развој на ендогени гасови може да биде во храна која ја консумирате. Храна која предизвикува метеоризам и непријатна миризба на гасовите е следната: мешунките, слатки компири, леб, кромид, праз, лук, ротквици, зелка, марула, брокула, јаболка, јајца, пченка, односно храна која содржи премногу масни материи или шеќер. Млекото и млечни производи кои содржат лактоза, исто така понекогаш можат да бидат причина за гасови, поради недостаток на ензимот лактаза кој ја разградува лактозата. Од пијалаците, пивото и газираните безалкохолни пијалаци се главните виновници за цревни гасови.

Зголемената количина на гасови е појава која се забележува кај луѓе кои страдаат од чувствителен дигестивен тракт, стрес, прејадување и забавен метаболизам. Оваа болна состојба е главен симптом за колитис, целијачна болест,  или аерофагија (што во буквален превод значи „голтање на воздух“). Формирањето на гасовите зависи од цревната флора и интензивната деградација на храна од страна на бактериите кои се присутни во дебелото црево. Како резултат на нивната активност настанува поделба на водород сулфидот на јаглероден диоксид и метан, а цревните гасови во главно се составени од овие елементи, азот и кислород.

Третирање и помош против интестинални гасови

Постојат многу лекови кои може да ви помогнат за таа намена, но ако не сакате или сте едноставно не можете да ги користите нивните предности, тогаш само сведете ја на минимум храната која предизвикуваат цревни гасови. Ако пак страдате од целијачна болест или недостаток лактаза, тогаш тоа е императив да се исхранувате на посебен начин кој исклучува храна која содржи глутен и лактоза.

За да се спречи метеоризмот јадете и пијте полека и во умерени количини. Светлата сезонска храна е најдобар избор за вас ако патите од гасови. не заборавајте да не зборувате додека јадете!

Користете ги овие техники, а како помош може да ви користи и активниот јаглен. Во секој случај доколку сметате дека имате потреба да користите било кој лек консултирајте се со вашиот доктор.

Сподели: