нане за темни кругови околу очи

Ослободете се од темните кругови околу очите

Начинот на живот во голема мера може да влијае на вашиот изглед. Неправилниот начин на исхрана, недостатокот на сон, настинките, алергиите се само некои од причините за појава на темни кругови под очите. Тие се ноќна мора која ги измачува сите жени.

Постојат многу природни начини да се ослободите од нив, а ние ќе ви ги издвоиме најефикасните кои сигурно ги имате во вашата кујна.

Краставица. Краставицата наоѓа голема примена во козметичката индустрија, затоа што ја освежува и навлажнува кожата. На затворени очи ставете 2 парчиња ладна краставица и оставете ги да делуваат од 10 до 15 минути.

Лажица. Ставете две метални лажици во фрижидер. Кога ке се изладат, ставете ги на вашите очи.

Бадемово масло. Пред да одите на спиење нанесете бадемово масло на темните кругови околу очите. Во утринските часови исплакнете со ладна вода.

Ќесички со чај. Искористените вреќички со чај (камилица, црн или зелен) изладете ги во фрижидер и ставете ги на затворени очи. Оставете ги да делуваат петнаесет минути.

КомпириНа затворени очи поставете 2 парчиња ладни компири и оставете ги петнаесет минути.

Замрзнат зеленчук. Свиткајте ги кесичките со замрзнатиот зеленчук во крпа и ставете ги на вашите очи. По петнаесет минути тргнете ја крпата.

Нане. Свежите листови од нане изгмечете ги и нанесете ги на темните кругови. Оставете ги 10 минути, а потоа избришете ги со влажна крпа.

нане за темни кругови околу очи

Дополнителни совети:

  • Недостатокот на вода може да предизвика појава на темни кругови околу очите. За да може телото правилно да функционира дневно внесувајте најмалку два литри вода.
  • Отсуството на добар сон ја прави кожата на лицето да изгледа побледа и затоа крвните садови под тенката кожа под очите се повидливи. Затоа спијте од шест до осум часови дневно.
  • Небалансираниот начин на исхрана, недостатокот на витамини и минерали, водат до создавање на темни кругови околу очите. Хранете се здраво, така што секојдневно ќе внесувате доволна количина на овошје и зеленчук.
  • Не чешајте ги очите. Тоа ја иритира кожата, а може да доведе до пукање на мали капилари и појава темните кругови.

Сподели: