Отстранете водени дамки на дрвен мебел и подови со домашни средства

Отстранете водени дамки на дрвен мебел и подови со домашни средства

Доколку на дрвената масичка во дневната соба ви останале отпечатоци од чашите кои сте ги користеле вие или вашите гости, или сте заборавиле да ги употребите наменските подлоги, не треба да сте загрижени, бидејќи за направените дамки има решение.

Можеби сте помислиле дека вашата масичка никогаш повеќе нема да биде иста, но тоа не е ни приближно точно. Дамките од вода и останати напитоци, можете да ги отстраните на многу едноставни начини. Ние ќе ви откриеме неколку од нив.

Отстранете водени дамки на дрвен мебел и подови со домашни средства

Паста од сода бикарбона против дамки

Направете паста од една лажичка сода бикарбона и една лажичка вода. Со помош на крпа на која сте нанеле од пастата, преку кружни движења со прстите истријте ја дамката се додека исчезне, а при тоа немојте да користите премногу вода.

Вазелин против дамки

Доколку се забележуваат многу отпечатоци од чаши после вечерната забава, пред да одете на спиње, премачкајте ги дамките со вазелин и оставете така да стојат за време на ноќта, а утрото само избришете ги трагите од вазелин.

Сол против дамки

Кујнската сол може да биде многу ефикасна за чистење на дамките. Измешајте лажичка сол и неколку капки вода за да подготвите паста, а потоа слично како постапката со сода бикарбона, тријте додека дамката исчезне. На крај, исполирајте со средство за дрвен мебел.

Паста за заби против дамки

Обичната паста која не е во облик на гел помага против дамките. Врз памучна крпа нанесете малку од неа, истријте, а потоа пребришете со влажна крпа и исполирајте. За шго подобар ефект измешајте со сода бикарбона.

Киселина против дамки

Киселината е универзално средство за чистење во домот, а најдобро е што сите ја имаме дома. Измешајте еднакви делови киселина и маслиново масло, па со таа течност истријте ја површината со дамките, а доколку дамките се премногу тврдокорни, истријте ги со чиста киселина.

Сте пробале ли досега некој од овие трикови?

 

Сподели: