Со домашно средство отстранете непријатен мирис од мијалник.

Со домашно средство отстранете непријатен мирис од мијалник

За кујната не постои ништо полошо од непријатен мирис од мијалник. Секоја дом го има, а скоро секоја домаќинка повремено се соочува со проблемот на непријатен мирис од мијалникот. Искусните домаќинки знаат и токму затоа, со нас споделија едноставен трик кој многу брзо ќе ја врати свежината во вашата кујна и ќе го отстрани непријатниот мирис на мијалник.

Голем број од нас би посегнале прво по хемиски средства, а при тоа забораваат дека тоа влијае на подземните води исто така. Ние ви нудиме лесно, практично, евтино и природно решение.

Со домашно средство отстранете непријатен мирис од мијалник

Домашно средство против непријатен мирис од мијалник

Потребно е:

  • 1/2 чаша сок од лимон
  • 1/2 чаша сода бикарбона.

Подготовка:

  1. Лимоновиот сок загрејте го на оган, а потоа во него додајте ја содата бикарбона. При тоа внимавајте и додавајте ја бавно во помали количини, бидејќи може да дојде до реакција со сокот во вид на пенење.
  2. Измешајте и полека турете ја смесата во одводот.
  3. Почекајте 10 минути за да се отстранат сите нечистотии, а потоа измијте го мијалникот со млаз жешка вода. Од непријатните мириси нема да остане ни трага, а вашата кујна ќе мириса на пријатна свежина. На овој начин можете да ги исчистите сите одводи и да ги отстраните непријатните мириси.

Забелешка: Наместо лимонов сок, за замена може да користите алкохолна киселина.

Сподели: