Палачинки со урда и грашок

Пролет е, па е време за нови пролетни рецепти. Еве нешто ново, брзо и многу вкусно! Во кујната на нашата пријателка Диана, од блогот Trydiani се направени овие мали, убави палачинки со урда и грашок, кои се вистинско пролетно уживање за целото семејство.

Од наведените состојки во рецептот ќе добиете околу 13 палачинки, а доколку ви се најавиле гости, може да ја зголемете количината на состојките.

палачинки со урда и грашок

Состојки:

  • 1 чаша грашок, свеж или замрзнат
  • 1 мала лажичка сол
  • 3 големи јајца
  • 1 чаша изварка (урда)
  • ¼ чаша брашно
  • 2 лажици масло и дополнително за пржење
  • 1-2 страка млад кромид и дополнително за сервирање
  • ¼ чаша растопен путер.

Подготовка:

  1. Грашокот се става во тенџере со посолена вода на оган, средно висока температура и се вари додека омекне. Штом грашокот ќе омекне, тенџерето се трга од огнот, па се цеди.
  2. Со миксер или блендер се матат јајцата, урдата, брашното, солта и 2 лажици масло, додека се добие хомогена смеса.
  3. Во смесата се додава ситно сечканиот млад кромид и цедениот грашок.
  4. На оган на средна температура се става намрсена нелеплива тава да се загрее. Со лажица се зема од смесата и во загреаната тава се формираат палачинки. Се пржат додека се појават меурчиња на површината за време од околу 3 минути. Потоа, се превртуваат на другата страна и се пржат уште 2 минути.
  5. Пржените палачинки со урда се сервираат додека се топли со растопен путер и гарнирани со млад кромид. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Печени палачинки со фил од спанаќ и урда.

Сподели: