Палачинки со чоколаден крем 2

Палачинки со чоколаден крем

Палачинките се еден од омилените десерти. Лесни се подготовка, а сите ги сакаат. Доколку ви се јаде нешто благо, можете да се одлучите за палачинки со чоколаден крем. 

Од оваа количина за тесто ќе добиете околу 10 палачинки со чоколаден крем.

palacinki so cokoladen krem 2

Состојки:

  • 100 грама брашно
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • сол.

За чоколаден крем:

  • 300 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 грама какао
  • 50 грама брашно
  • 500 мл млеко.

Подготовка:

  1. Прво подгответе ги палачинките.Брашното ставете го во длабок сад.
  2. Додадете малку сол и млеко, па мешајте додека добиете хомогена смеса.
  3. Јајцата изматете ги посебно и додадете ги во садот со брашното.
  4. Тестото оставете го да стои 1 час, а потоа палачинките печете ги со малку масло од двете страни.
  5. Потоа подготовете го чоколадниот крем. Измешајте го шеќерот, какаото, ванилиниот шеќер, брашното со 100 мл млеко.
  6. Останатото млеко ставете го во сад на оган. Откако млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со какаото и варете додека не згусне.
  7. Намачкајте ги палачинките со кремот и украсете ги по желба.

Уживајте во прекрасниот вкус! На здравје!

Ви предлагаме да прочитате и меки пијани палачинки.

Сподели: