beli patiki 1

Природна паста за чистење на бели патики

Во текот на сончевите денови, преферираме полесни обувки во посветла нијанса. Но, како секогаш да ги одржите омилените бели патики чисти?

Светлите обувки се многу актуелни во летниот период. Но, нивна мана е тоа што брзо се валкаат. Сепак, со еден едноставен трик може многу брзо да се исчистат и да ја имаат првобитна бела боја.

Денес ви предлагаме еден лесен начин за чистење на белите патики. Во домашни услови може да направите едноставно средство со кое лесно ќе ги исчистите вашите бели обувки.

бели патики

Природна паста за чистење на бели патики

За припрема на оваа паста потребни ви се алкохолна киселина и сода бикарбона. Користете ги во однос 1:1, да речеме половина чаша киселина и исто толку сода бикарбона.

  1. Содата ставете ја во пластичен сад. Додајте ја киселината и измешајте. Ќе забележите појава на реакција како пенење, но не плашете се. Со помош на стара четка за заби, темелно тријте ја смесата по површината на обувките и оставете ја да стои за време од половина час.
  2. Потоа, добро исперете ги обувките со ладна вода и детергент за алишта.
  3. Патиките, оставете ги да се исцедат и исушат на сонце.
  4. Платнените обувки, по оваа процедура можете да ги исперете во машина за алишта, поставени во специјален држач. Вашите бели патики ќе бидат како нови.

Совет плус: Оваа пасти за чистење користете ја исклучиво за бели патики. Немојте да ја користите за обувки во боја.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите освежувач за патики.

Сподели: