Патување и храна, што да јадете додека патувате 2

Патување и храна, што да јадете додека патувате?

Патувањата се одлична рекреација, а со доаѓањето на убавото време некое интересно патување е желба на секој. Имајќи предвид за актуелноста на темата и ближењето на летните одмори, навреме да се едуцираме за некои совети кои се поврзани со храната и патувањето.

Овие мали совети за патување посебно ќе ви бидат корисни доколку се одлучите да одите на одмор на некоја подалечна дестинација, за која ќе треба подолго време да бидете во превозното средство и да одите од место до место. За сето тоа да излезе беспрекорно и вашето здравје да се задржи на најдобро ниво кое ќе ви ја овозможи потребната енергија, добро е да знаете што и колку треба да јадете додека патувате.

patuvanje 2

Препорачливо е да носите мал фрижидер кој би ја одржувал храната во изладена состојба.

Овошјето како што се бананите и јаболката се идеални при патување. Доколку сакате сушено овошје, исто така може да понесете со вас.

Добар предлог е да направите сендвичи од интегрален леб и зеленчук. Од зеленчукот може да ставите марула, зелка, краставица, домат и сл.

Ако сакате грицки, земете си јаткасти плодови како што се ореви, лешници, бадеми, а може и да грицкате семки од сончоглед или од тиква.

А за оние кои не можат без благо, тогаш со себе може да понесат житни колачиња.

Најважен од сите совети е да пиете доволни количини на вода, за да бидете хидрирани. Доколку се јави дехидратација може да доведе до главоболки, грчеви во мускулите, замор и намалена концентрација.

Доколку сте склони кон гадење, во тој случај земете чај од нане или камилица.

Сподели: