Пекмез од јагоди

Ако ви останале јагоди и не знаете како да ги искористите, еве еден краток и сладок рецепт за домашен пекмез од јагоди, кој доаѓа од кујната на Лана.

Количината на состојките во рецептот е мала, па од наведените состојки ќе добиете една тегла со пекмез од јагоди. Издвојте само 40 минути и пробајте го ова слатко задоволство без конзерванси. Ви препорачуваме да го јадете за појадок со малку путер и шолја топло кафе за убав почеток на денот. Пекмезот од јагоди може да го искористите за различни десерти или како фил за ролати.

пекмез од јагоди

Состојки:

  • 500 гр јагоди
  • 200 гр шеќер.

Подготовка:

  1. Од јагодите отстранете ги зелените ливчиња, а потоа добро измијте ги.
  2. Јагодите ставете ги во тенџере и посипете ги со шеќер. Оставете ги за да пуштат сок, а потоа ставете ги да се варат.
  3. Штом зовријат намалете ја температурата и варете ги на средно висока температура за време од половина час. Во текот на варењето, јагодите повремено промешајте ги. Кога ќе испари половина од течноста, може да ја намалите температурата и да продолжите со варењето за време од 15 до 30 минути, во зависност колку сакате да добиете густ пекмез.
  4. Ако правите поголема количина на пекмез од јагоди, може ќе ви биде потребно повеќе време за варење.
  5. Готовиот пекмез ставете го во чисти и топли тегли. Теглите затворете ги со капак и оставете го пекмезот да се излади до следниот ден. Наредниот ден може одма да се јаде затоа што нема конзерванси, а може да го складирате и во шпајзот.

Ви предлагаме да прочитате: 5 избрани рецепти за слатко, мармалад, џем, компот и сок од јагоди.

Сподели: