сарма од лозов лист

Печена сарма од лозов лист

Лозовиот лист е популарна храна во медитеранската кујна, позната како чувар на срцето. Тој е има малку калории, а богат е со витамините Ц, Е, А, К, Б6, ниацин, рибофлавин и фолна киселина. Во исхраната најчесто се користи за подготовка на сарма од лозов лист, кои се прават со или без месо. 

Ако сте љубител на сарми од лозов лист ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт. Сармите припремени на овој начин се сочни, вкусни, а не содржат глутен и се приготвуваат без запршка.

сарма од лозов лист

Состојки:

  • 40 млади лозови листови
  • 500 грама мелено месо
  • 1,5 чаша ориз
  • 1 мала главица кромид
  • мешан зачин
  • црн пипер
  • масло

Подготовка:

  1. Лозовите листови се мијат и се ставаат во тенџере на оган. Во тенџерето се става вода и се остава водата да зоврие. Штом листовите ќе се обарат, тенџерето се трга од огнот.
  2. Во меѓувреме се припрема филот за сармите. Кромидот ситно се сечка и се става во тава со загреено масло да се пропржи.
  3. Во тавата со кромидот се додава меленото месо. Се меша за време од 3 до 4 минути за да се пропржи месото. Потоа во тавата се додава оризот, се зачинува по вкус и кратко време се пропржува.
  4. Врз секој лозов лист, се става по една лажица од приготвениот фил со месо и се формираат сарми.
  5. Сармите се редат во тава. Во тавата се налева вода за да ги прекрие сармите и се става да се пече во загреена рерна на 250 степени. Печената сарма од лозов лист по желба послужете ја со кисело млеко. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посна сарма од лозов лист со грав и маслинки.

Сподели: