Печена фритата со зеленчук

Печена фритата со зеленчук

Овој ручек ќе го подготвите многу брзо, а оваа вкусна комбинација за фритата со зеленчук опфаќа компири, кромид и доколку сакате, по желба малку чаден колбас. Рецептов нуди многу можности, па може да додадете и други интересни состојки како што се печурки, пиперки, брокули, спанаќ, сирење и слично.

Прекрасната идеја за печена фритата со зеленчук и чадени колбаси ја најдовме на страницата Кuhinjica Mignone кај нашата пријателка Лана, која редовно ги споделува своите кулинарски дела со нас.

Печена фритата со зеленчук

Состојки:

  • 600 гр компири
  • 1 поголема или 2 помали главици кромид
  • јајца
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • малку путер
  • 200 гр чадени колбаси по желба.

Подготовка:

  1. Компирите најпрво измијте ги, излупете ги а потоа исечете ги на тенки кругови. Варете ги во солена вода околу 15 минути.
  2. Кромидот, исто така излупете го и исечете го на кругови, па кратко пропжете го во малку масло (при тоа издвојте неколку кругови кои потоа ќе ги ставите од горе).
  3. Во истото масло пропржете ги и колбасите исечени на кругови, па додајте ги претходно сварените кругови компири. Пропржете ги сите заедно уште кратко, па тргнете ги од огнот.
  4. Тавата намачкајте ја со малку путер и ставете го претходно припремениот зеленчук. Со помош на жица изматете 4 јајца, посолете ги и наросете ги со црн пипер по вкус, а поттоа прелијте ги преку компирите. Благо протресете ја тавата за убаво да се распореди содржината.
  5. На крај, ставете ги од горе круговите кромид кои сте ги издвоиле за одозгора. Печете 20-тина минути, убаво да се запече.

Ако се одлучите да подготвите фритата со зеленчук ќе имате убав ручек за многу кратко време. Пробајте ја и на здравје!

Сподели: