peceni-kompiri-1

Печени компири на сосема нов начин

Веќе немате идеја како да ги припремите компирите за прилог? Ви претставуваме потполно нов начин за печени компири кој ќе ве воодушеви и вас, а ни децата нема да се бунат.

Веруваме дека пржењето на компирите и правењето на пире ви се досадило, па затоа ви претставуваме нов начин за припрема на печени компири. Станува збор за компири направени на шведски начин, со богат вкус, однадвор крцкави, а внатре меки. Ние ги испробавме во нашата кујна, па доколку се одлучите да ги направите, сигурно нема да погрешите.

Состојки:

  • 3 компири со средна големина
  • 2-3 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 30 г путер
  • сол и црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Во тава на тивок оган ставете една лажица масло, путер и едно чешне лук. Мешајте додека путерот се растопи.
  2. Со помош на нож компирите исечете ги слаби парчиња, но не ги сечете до крај. Компирите ставете ги во ладна вода со мраз, во која ќе додадете свеж сок од лимон.
  3. Лукот извадете го од маслото, а потоа врз компирите нанесете од смесата од путер и масло. Печете ги компирите за време од 40 минути на 220 степени.
  4. На тивок оган ставете го преостанато масло, лукот и додадете зачини по желба (рузмарин, кари). Штом лукот ќе се запржи, тргнете ја тавата од огнот.
  5. Врз печените компири ставете по една лажица од маслото со зачини. Топлите печени компири на нов начин, послужете ги веднаш. На здравје!

Сподели: