Печени крокети од компири и мелено месо

Ако ги обожавате вкусните крокети од компири кои се топат во устата, вреди да го испробате овој рецепт. Скоро сите ги обожаваат похуваните јадења, а и ние сме дел од нив. Но, секогаш сме во потрага на поздрави рецепти кои исто така се многу вкусни.

Така се роди идејата за овој рецепт. Да направите похувани, но печени крокети од компири и мелено месо, за целото семејство. Ги направивме, дегустиравме и ви ги препорачуваме и вам.

печени крокети од компири и мелено месо

Состојки:

  • 4 (900 грама) големи компири
  • 1 голема главица кромид
  • 3 лажици маслиново масло
  • 400 грама мелено месо
  • 1 лажица путер
  • мелен црн пипер
  • сол по вкус
  • 200 грама лебни трошки
  • 3 големи јајца
  • ½ чаша (60 грама) брашно.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги, измијте ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во тенџере со вода. Варете ги за време од 20 минути, додека компирите омекнат.
  2. Во меѓувреме пригответе го месото. Кромидот ситно исечкајте го.
  3. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете нелеплива тава. Во тавата додајте го маслото. Штом маслото се загрее, ставете го сечканиот кромид. Пропржете го додека омекне. Во тавата додајте го меленото месо и пржете го за време од 5 до 6 минути. На крајот, посолете го по вкус и зачинете со мелен црн пипер.
  4. Варените компири исцедете ги и испасирајте ги. Во пирето додајте го путерот и измешајте. Потоа додајте го пропрженото мелено месо. Смесата убаво измешајте ја.
  5. Од смесата формирајте крокети и оставете ги за време од 15 минути.
  6. Лебните трошки ставете ги во нелеплива тава на оган и печете ги додека поруменат.
  7. Јајцата изматете ги со виљушка во чинија.
  8. Во тава ставете хартија за печење.
  9. Крокетите валкајте ги во брашно, во изматените јајца и на крај во лебните трошки. Редете ги во тавата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени за време од 10 минути. Послужете ги со тартар сос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Вкусни пилешки крокети.

Сподели: