Печени круши со мед и цимет

Бидејќи ни пристигнаа поладните есенски денови, време да се припремиме со убави сезонски рецепти. Затоа ви претставуваме супер есенски рецепт за печени круши со мед и цимет кој ќе го загрее вашиот дом во овие малку постудени дождливи денови. А, да не зборуваме и за прекрасната арома со која ќе ги исполни вашите домови и на голема врата ќе ви ја донесе есенската магија.

Крушите се одличен извор на витамини и минерали (Ц, К, Б2, Б3 и Б6) важни за целокупната благосостојба на телото. Тие изобилуваат и со растителни влакна, помагаат против надуеност, го одржуваат холестеролот во нормални граници, превенираат канцер, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Крушите претставуваат одлична храна и за бремени жени или доилки, бидејќи изобилуваат со фолна киселина. Медот и циметот во комбинација се покажале како ефикасен сојузник во борбата против вишокот килограми. Циметот има низа корисни својства – го подобрува тенот, го снижува холестеролот, ја забрзува циркулацијата, одличен е за срцето, стомакот и цревата, и помага во топењето на маснотиите во организмот. Додека пак, јаткастите плодови се одличен извор на омега 3 масните киселени, изобилуваат со витамини и минерали. Тие помагаат во зајакнување на кожата, косата и ноктите и во подобрување на меморијата и концентрацијата. Така, овој рецепт не само што е многу вкусен туку е и многу здрав. Па, подгответе си го и уживајте со вашите најблиски во совршениот есенски вкус.

печени круши со мед и цимет

Состојки:

  • 2 поголеми круши
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажица мед
  • 50 грама сечкани ореви и лешници за поросување
  • шлаг за декорација по желба.

Подготовка:

  1. Крушите измијте ги, пресечете ги на половина и отстранете им го внатрешниот дел со семки.
  2. Наредете ги на плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и посипете ги со цимет.
  3. Печете ги во загреана рерна на 175 степени за време од 20 до 25 минути додека крушите омекнат.
  4. Откако ќе ги извадите, оставете ги да се подизладат, па прелијте ги со медот, посипете ги со сечканите лешници и ореви и декорирајте ги шлаг по желба.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени јаболка со мед и јаткасти плодови.

Сподели: