Печени печурки со лук и мајчина душица

Печени печурки со лук и мајчина душица

Ако сакате да се почестите себе и вашите пријатели со извонредно мезе, верувајте нема да зажалите ако изберете да го пробате нашиот рецепт за печени печурки со зачини. Лукот и мајчината душица имаат посебна арома која искомбинирана на овој начин му дава посебен шмек ја јадењето.

Печени печурки со лук и мајчина душица

Состојки:

  • 16 печурки
  • 3 лажици маслиново или растително масло
  • 2 чешлиња ситно сечкан лук
  • 3 лажици омекнат путер
  • 2 лажици сечкана мајчина душица
  • ½ мала лажичка лук во прав
  • 5 лажици лебни трошки
  • 1 ½ лажица сок од лимон
  • сол и црн пипер по вкус

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Во тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во жешкото масло ставете ги печурките и пропржете ги за 2 до 3 минути.
  3. Запржените печурки наредете ги во тава за печење, така што стебленцата ќе бидат насочени нагоре.
  4. Во мал сад измешајте ги путерот, лукот, мајчината душица, сокот од лимон и зачинете по вкус.
  5. Со помош на лажица врз секоја печурка ставете од смесата со путер и лук, а потоа наросете лебни трошки.
  6. Вака припремените печурки печете ги во загреана рерна за време од 15 минути, додека добијат убава златеста боја.

Не пропуштајте да го пробате нашиот рецепт за печени печурки со зачини. На здравје!

Сподели: