печени посни пирошки со фил од ајвар 1

Печени посни пирошки со фил од ајвар

Овие мали печени посни пирошки со фил од ајвар се омилени на нашите гости за време на посна куќна слава или именден, па често ги правиме. Рецептот во нашата кујна е испробан повеќе пати, па немојте да се двоумите и да ги направите во првата слободна прилика.

Сигурни сме дека речиси секоја куќа во Македонија, припрема ајвар за зимница, а на многумина им е омилениот намаз. Ако и вие спаѓате во таа група, ви препорачуваме да ги направите овие посни пирошки и да уживате во нивниот вкус за појадок или ужина. А може да направите поголема количина и да замрзнете, па да ги користите по потреба.

печени посни пирошки со фил од ајвар

Состојки:

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете го квасецот, шеќерот, една лажица брашно и додајте 100 мл млака вода. Убаво измешајте ги состојките за да се растопи квасецот. Потоа, садот ставете го на топло место за време од 5 до 10 минути за да нарасне квасецот.
  2. Брашното просејте го низ сито. Во садот со нараснатиот квасец, додајте ги брашното, маслото, солта и постепено додавајте млака вода. Продолжете со месење за време од неколку минути, додека добиете меко тесто. Тестото оставете го двојно да нарасне за време од 20 до 30 минути.
  3. Нараснатото тесто поделете го на два до три дела. Од секој дел, со помош на сукало исучете кора со дебелина од 5 милиметри. Потоа, со калап за пирошки или со чаша, од кората исечете кругови. Во секој круг ставајте по 1 мала лажичка ајвар, а потоа формирајте пирошки.
  4. Во претходно намрсен плех редете ги пирошките и оставете ги да нараснат за време од 30 минути.
  5. Во мал сад ставете го сенфот и додајте малку вода. Измешајте ја смесата.
  6. Секоја пирошка премачкајте ја со смесата од сенф и вода, а потоа наросете сусам по желба. Вака припремените посни пирошки печете ги во загреена рерна на 250 степени, за време од 20 минути, додека добијат убава румена боја. На здравје!

Сподели: