печени похувани тиквички 1

Печени похувани тиквички

Како резултат на изобилството витамини и минерали, застапеноста на тиквичките во исхраната е значајна. Благодарение на поволниот нутритивен состав, тиквичките се одлични регулатори на крвниот притисок и холестеролот. 

Многумина од нас, најчесто тиквичките ги припремат со пржење, а како повкусна и поздрава варијанта ви предлагаме да го пробате едноставниот и лесен рецепт за печени похувани тиквички, кој е многупати испробан во нашата кујна.

Состојки:

Подготовка:

  1. Тиквичките измијте ги и излупете ги. Потоа исечете ги на кругови со дебелина од 5 мм.
  2. Во сад ставете ги јајцата и изматете ги со вилушка. Во садот со изматени јајца, додајте сол, црн пипер по вкус, а исто така по желба зачинете со копар, кари, куркума.
  3. Во една чинија ставете го брашното, а во друга лебните трошки.
  4. Круговите од тиквички извалкајте ги во чинијата со брашно, потоа ставете ги во садот со изматените јајца и на крај испрпелајте ги во презла.
  5. Вака припремените тиквички ставете ги во тава, обложена со хартија за печење.
  6. Печете ги во загреена рерна на температура од 220 степени, за време од 10 минути. Потоа извадете ја тавата и тиквичките превртете ги од другата страна. Печете уште 10 минути.
  7. Печените похувани тиквички извадете ги од рерната и оставете ги 5 минути да се изладат. Послужете ги додека се топли во комбинација со месо или свежа салата. На здравје!
печени похувани тиквички

Сподели: