Печени филети од лосос во рерна

Колку често консумирате риба? Нутриционистите препорачуваат да се консумира лосос барем 2-3 пати во текот на месецот. Па, затоа ви претставуваме еден интересен предлог рецепт за печени филети од лосос во рерна.

Протеините од оваа риба се лесни за дигестија и за разлика од другите извори на протеини тие не содржат било какви канцерогени и штетни материи. Тие ќе ви ги дадат сите потребни амино-киселини кои се важни за изградба на мускулите и ткивата и ќе ве одржат во добра форма и кондиција. Други хранливи материи кои ги содржи лососот, а се одлични за човековото здравје се омега – 3 масните киселини кои се многу важни за нашиот мозок и срце. Покрај ова лососот изобилува и со витамините А, Б и Д, како и минералите, калциум, железо, фосфор и селен.

печени филети од лосос

Состојки:

  • 4 филети од лосос
  • 1 лимон
  • 4 лажици путер
  • сол и црн пипер по вкус
  • сечкан свеж копар или мајчина душица.

Подготовка:

  1. Во тава за печење ставете поголемо парче алуминиумска фолија. На едниот крај на фолијата поставете ги филетите од лосос.
  2. Исечете го лимонот на половина. Едната половина исечете ја на кругови. Потоа, круговите пресечете ги на половина.
  3. Половината од лимонот исцедете го врз парчињата лосос.
  4. Рибата зачинете ја со сол и црн пипер по вкус, а потоа наредете ги парчињата сечкан лимон. На крај, поросете ги со ситно исечкан копар или мајчина душица.
  5. Путерот ставете го во сад на оган на ниска температура. Мешајте го со лажица за да се растопи.
  6. Секое парче лосос прелијте го со растопениот путер.
  7. Вака зачинетата риба преклопете ја со другата страна на фолијата. Добро затворете ја фолијата, за да не може да излегуваат соковите и зачините.
  8. Доколку во тавата има место, како прилог може да ставите свежи печурки и домати. Истите зачинете ги со малку сол и црн пипер.
  9. Тавата за печење ставете ја во претходно загреана рерна на 180 степени. Лососот печете го за време од 15 до 20 минути.
  10. Откако ќе ја извадите тавата од рерна, внимателно отворете ја фолијата, бидејќи можете да се изгорите од пареата.
  11. Секое парче од лосос, сервирајте го на посебна чинија, гарнирано со варен зеленчук и малку свежа салата. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Лосос во маринада.

Сподели: