безглутенски ќофтиња од просо и брокула

Печени ќофтиња од брокула и просо со ленено семе

Ви припремивме супер рецепт за вегетаријански ќофтиња од брокула и просо со ленено семе, во нашата кујна. Здрави, нискокалорични, богати со растителни влакна и протеини, без глутен за секој да може да ги јаде.

Брокулата е зеленчук кој припаѓа на фамилијата на зелки, кељ и карфиол, а благодарение на хранливиот состав се препорачува во сите режими на исхрана, при зголемена телесна тежина и рестрикциони диети при канцер. Интересно е да се спомне дека зготвената брокула има повисока нутритивна искористливост од свежата брокула, па затоа препорачливо е брокулата да се користи во исхраната како додаток во вашите омилени каши и сосови, а одлично се вкопува и во комбинација со тестенини.

Просото е богат извор на нерастворливи растителни влакна, па така може да превенира создавање на камења во жолчната ќеса. Овие влакна исто така може да придонесат и во превенција на рак на дојката и во одредени други болести. Како и некои други житарки може и да го намали ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Лененото семе го нарекуваат најмоќно растение на планетата. Тоа е вистински извор на здравје и се препорачува за секојдневна употреба во умерени количини од една до две мали лажички на ден.

печени ќофтиња од брокула

Состојки:

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ги водата и просото да се варат. Просото варете го за време од 15 до 20 минути.
  2. Во меѓувреме брокулата исечете ја помали цветови и ставете ја во тенџере на оган да се обари за време од 3 до 4 минути. Омекната брокула, лукот и копарот ставете ги во блендер и миксирајте ги. Доколку немате блендер, брокулата, лукот и копарот ситно исечкајте ги.
  3. Во сад ставете ги просото, брокулата, јајцето, лененото семе, посолете по вкус и наросете мелен црн пипер. Од смесата формирајте ќофтиња.
  4. Ќофтињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 250 степени за време од 10 до 15 минути. Печените ќофтиња од брокула и просо, послужете ги додека се топли со чили сос или свежа салата. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Уштипци од брокула.

Сподели: