Пиво – Течна храна или релаксирачки пијалак?

Летните денови се посебно совршени за некоја голтка ладно пиво со избрано друштво, а можеби и цела кригла или шише. Интересно е што, во целиот свет постојат денови за празнување на пивото и негова дегустација и често таквото  фестивалско празнување трае со денови и го посетуваат многу локални граѓани, гости и љубители на пиво од соседните градови и секаде од светот, а 7-ми август е прогласен за интернационален ден на пивото.

пиво - пијалак или течна храна

Пивото  е алкохолен пијалок кој се прави од квасец, хмељ, јачмен и вода, а спаѓа во алкохолни пијалаци  со мала концентрација на алкохол (3-13 %). Тоа е еден од најстарите пијалаци кој се користел  во Египет, а денес е застапен низ целиот свет. Интересен факт е тоа што, во минатото пивото не се употребувало само како пијалак, туку се користело и како лек и храна.

Неколку причини да изберете да се напиете пиво

Овај  древен пијалок  се уште  се употребува и денес и ужива голема популарност, а се произведува со процес на алкохолно вриење на сладот, хмељот, пивскиот квасец и водата. Во пивото водата е најзастапена и служи како растворувач. Повеќе од  90% во составот на пивото и припаѓа на водата, што го прави корисно во пресметаната препорачана доза за дневен внес на течности, секако кога се пие во умерена доза. Сладот се добива со преработка на житариците, најчесто од јачменот кој содржи состојки од кои зависи вкусот и концентрацијата на пивото. Хмељот го конзервира пивото и му дава погоден мирис и горчлив вкус, додека пивскиот квасец предизвикува алкохолно вриење при кое шеќерот преминува во алкохол и јаглерод диоксид. Квасецот содржи витамини од B  групата, кои на телото му се потребни за здрава кожа, коса и нокти, а исто така и за други бројни потреби.

Сподели: