пикник лепче печено во тава

Пикник лепче печено во тава

Летото е совршен период за разни прошетки, одмори, екскурзии, летувања и интересни дружења, како и пикник прошетки до најблиската природа за уживање. За сите тие убави ситуации ние имаме одличен предлог, вкусно и многу симпатично пикник лепче и тоа печено во тава. Дегустативна фантазија во секој залак!

пикник лепче печено во тава

Состојки:

  • 2,5 дл млако млеко
  • 3 лажици стопен путер или маргарин
  • 360 до 400 гр брашно
  • 15 гр свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер.

Подготовка:

  1. Путерот се топи и се остава да олади.
  2. Квасецот се меша со млакото млеко да де стопи и се додава путерот.
  3. Се додава се друго и се меси убаво тесто, поарно да се лепи малце тестото инаку ќе дојдат суви лепчињата.
  4. Се остава да стаса 45 мин покриено
  5. Се дели тестото на 6 делови зависно колку ви е голема тавата. Ако е тавата помала тогаш може да се дели на 8 делови.
  6. Секој дел се суци 20 до 25 цм тркалезни лепчиња и се печат на жешка тава. Тавата не се намрсува.
  7. Се печат од прилика 1 мин на секоја страна.  Се ставаат во чинија со крпа на цинијата и плус се покриват со крпа за да бидат меки. Слободно можат да се замрзнат.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

 

Сподели: