pileska salata so cveklo 1

Пилешка салата со цвекло

За секоја слава, роденден, годишнина, пречек на Новата Година и други моменти кои се вредни за креирање на убави спомени, трпезата не може да се замисли без вкусни кремасти салати. Ако ви се досадиле руската, кинеската и француската салата, имаме одличен предлог за пилешка салата со цвекло, за која сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Оваа пилешка салата со цвекло, лесно се приготвува, а доволно е само еднаш да ја направите за да биде една од вашите омилени салати.

пилешка салата со цвекло

Состојки:

  • 500 грама пилешко бело месо
  • 300 грама варено цвекло (може да користите цвекло од тегла)
  • 150 грама пилешки гради или шунка
  • 1 главица кромид по желба
  • 2 лажици мешани суви зеленчуци за супа
  • 3 павлаки
  • сол, црн пипер
  • маслиново масло
  • свеж магдонос.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган со вода ставете ги пилешкото месо и мешаните суви зеленчуци за супа, да се варат. Вареното пилешко месо тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
  2. Потоа, исечкајте го на мали коцки или искинете го ситно.
  3. Цвеклото, кромидот и пилешките гради исечкајте ги на ситни коцки, кругови или листови во желба.
  4. Во длабок сад ставете го ситно сечканото месо, цвеклото, кромидот и пилешките прсти. Посолете ги, зачинете ги со мелен црн пипер и добро промешајте ги. Потоа, во садот додајте ја павлаката и зачинете со свежо сечкан магдонос. Измешајте и послужете ја пилешката салата со цвекло. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Крем салата со пилешко месо и цвекло.

Сподели: