пилешки стек со грашок и моркови

Пилешки стек со грашок и моркови

Обично подготовката на главно јадење одзема повеќе време, а посебно кога станува збор за јадења кои вклучуваат месо. Повелете предлог за брз и вкусен ручек од пилешки стек со грашок и моркови. Доволно сочен и многу вкусен за целото семејство, не пропуштајте да го направите!

пилешки стек со грашок и моркови

Состојки:

  • 1 парче од 450 гр пилешки стек
  • 200 гр замрзнат грашок
  • 1 поголем морков
  • 1/4 мала главица кромид
  • сол, црн пипер и мешан сув зачин по вкус
  • 1 лажица путер
  • масло по потреба
  • брашно по потреба
  • 150 мл млеко.

Подготовка:

  1. Пилешкиот стек најпрво исечете го на тенки шницли, а потоа истите зачинете ги по вкус со сол, црн пипер и мешан сув зачин.
  2. Парчињата пилешки стек извалкајте ги во брашно и испржете ги во малку масло.
  3. Во друга тава со 3-4 лажици масло малку запржете го кромидот и морковот кои треба да се ситно сечкани.
  4. Додајте го грашокот и 1/2 чаша вода, па зачинете го по вкус и динстајте го додека испари течноста. Спрема варењето на грашокот ако е потребно додадете и повеќе вода. Откако се сварил грашокот тргнете го на страна.
  5. Кога е испржен стекот, во тавата во која се пржел зеленчукот додајте ги путерот, млекото, стекот и готовиот грашок.
  6. Оставете го да проврие само 1-2 минути, сосот веднаш ќе се згусти и внимавајте да не загори, па лесно промешувајте. Послужете додека е топло и со салата по желба.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: