пилешко во сос од печурки и бело вино

Пилешко месо во сос од печурки и вино

Пилешки вкусен специјалитет за сечија трпеза! Изненадете го семејството со вкусен ручек припремен од пилешко месо во сос од печурки, бело вино, кашкавал и павлака. Комбинацијата на состојки, сигурно ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите.

А штом го направите, не заборавајте да ни пишете во коментар како ви се допаднал овој наш предлог за ручек.

пилешко месо во сос од печурки и вино

Состојки:

  • 450 грама пилешки стек
  • 2 чаши свежи печурки, пресечени на половина
  • 1 чешне лук, ситно сечкано
  • 3 гранчиња свежа мајчина душица
  • 1 ½ чаша бело вино
  • ½ чаша брашно, зачинето со 1 мала лажичка сол и ½ мала лажичка црвен пипер
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ чаша павлака за готвење
  • ¼ – ½ чаша рендан кашкавал
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пилешките гради исчукајте ги со кујнски чекан. Потоа пресечете ги на 2 до 3 делови.
  2. Во тава на оган, на средна температура загрејте го путерот со 1 лажица маслиново масло. Парчињата пилешки стек извалкајте ги во зачинетото брашното, а потоа ставете ги во тавата да се пржат по 5 минути на секоја страна. Прженото месо, ставете го во чинија.
  3. Во тавата во која се пржеше пилешкото месо додајте го преостанатото масло. Потоа ставете ги сечканите печурки и лукот. Пржете додека печурките добијат кафеава боја.
  4. Во тавата налејте го виното, додајте ги мајчината душица и пилешкото месо. Штом виното зоврие, намалете ја температурата, покријте ја тавата и оставете месото да се динста за време од 15 до 20 минути.
  5. Потоа, пилешкото месо извадете го од тавата.
  6. Во тавата додајте ја павлаката за готвење и кашкавалот. Мешајте додека кашкавалот се распопи, а содржината во тавата се намали за половина. Доколку сакате повеќе сос, откако кашкавалот ќе се растопи, во тавата додајте 1 лажица скроб разматен со 2 лажици вода.
  7. На крај, во тавата повторно ставете го пилешкото месо и измешајте го со сосот од печурки и вино. Топлото пилешко месо во сос послужете го во комбинација со варен ориз и свежа салата. На здравје!

Сподели: